|
 |
 |
|
| ЗА НАС / ТИМ |
 |
Владимир Огњановски, претседател на КОЦКА, има магистрирано комуникации на Државниот Универзитет од Индијана, САД. Тој е искусен професионалец во областите маркетинг, кампањи и односи со јавност. Моментално е на чело на О Комуникации, компанија за односи со јавност и кампањи. E-mail: vlatko@unet.com.mk
Јулијана Даскалов, силен извиднички дух кој претставува еден од главните јазли во мрежата. Нејзиното универзитетско образование е меѓународна трговија, а главни полиња на експертиза и се финансиски менаџмент, фасилитација на работа во групи, стратешко планирање, градење тимови, младински програми, партнерства и кампањи. E-mail: julijana@kocka.org.mk
Златко Самарџиев, магистер на науки од Централно Европскиот Универзитет (ЦЕУ) на програма од Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е искусен консултант и тренер од областите стратешко планирање, проектен менаџмент, учество на јавност, легислатива за животна средина. Покрај ова тој е еден од ретките стручњаци во Македонија за оценка на влијанијата врз животната средина (ЕИА). E-mail: samardziev@gmail.com
|
Александар Караев, економист, магистер на бизнис администрација (МБА) е искусен и мотивиран професионалец во областите Економски развој и Градење капацитети на НВО. Неговата работа е фокусирана на стратешко планирање, организациски развој и управување со проекти. Моментално е на докторски студии во Југоисточно Европскиот Истражувачки Центар (South-East European Research Centre - SEERC), во Солун, Грција, придружна институција на Универзитетот од Шефилд. E-mail: akaraev@mt.net.mk
Жарко Конески, магистер на електротехнички науки од скопскиот Електро Технички Факултет (ЕТФ). Тој има долгогодишно искуство во фасилитирање и обука на различни граѓански здруженија во Македонија и регионот во областите на организациско јакнење и институционален развој. Негова потесна специјалност се информатичките и комуникациските технологии, со акцент на учењето преку далечина. E-mail: zarko@kocka.org.mk
Игор Славкоски, искусен професионалец, консултант и тренер во областите организациски развој, стратешко планирање и градење на тимови. Покрај ова, тој има значајно искуство во спроведување програми за ре-грантирање, мониторинг и евалуација. Неговото универзитетско образование е маркетингот, а во моментот е претставник на Milieukontakt International за Македонија. E-mail: igor@mkoe.org.mk
Мартин Мартиноски, економист, дипломирал на скопскиот Економски факултет. Искусен професионалец, ангажиран како проект асистент, консултант и тренер во КОЦКА. неговото професионално искуство е во областите - подготовка и управување на проекти и кампањи, како и организирање и испорака на обуки и консултантски услуги. Генерални теми на кои работел во граѓанското општество во Македонија се поттикнување на учество на јавноста, демократизација и промоција на одржлив развој. E-mail: martin@kocka.org.mk
Ана Чоловиќ, еден од главните лидери во македонското граѓанско еколошко движење и активен лобист во Брисел за прашања од областа на животната средина. Нејзиното професионално искуство е во подготовка и управување на проекти, пристап до ЕУ фондови, кампањи, граѓански акции, EIA, мониторинг на јавни инвестиции. Фокус на нејзината работа se прашањата на транспорт, енергија, отпад, ГМО. Нејзиниот академски бекграунд е биологијата. E-mail: ana@kocka.org.mk
|
|
|
|