КОЦКА-Мрежа на независни консултанти
Моја КОЦКА
За Нас
Фотогалерија
Контакт
Услуги
Публикации
Проекти
Форум
Е-Каталог
Ваши предлози
За Нас
Мисија и визија
Историјат
Тим
ЗА НАС / Нашата философија

Приказна за морската ѕвезда

Еден човек трчал на плажата, веднаш после огромна бура која го зафатила регионот. Огромниот број на морски ѕвезди, кои бурата ги исфрлила на брегот, го растрепериле неговото срце.  Помислил дека неможе да направи ништо, со оглед на тоа што морските ѕвезди биле премногу и насекаде околу него. Како што продолжил да трча здогледал еден старец кој што фрлал нешто во водата. Кога се доближил, видел дека старецот се приближува до водата, се наведнува, зема една морска ѕвезда и ја фрла назад во морето. Човекот се приближил до старецот, а овој само што не замавнал да врати уште една морска ѕвезда назад во водата.

Тогаш го запрашал старецот: “Зошто го правите ова? На плажата има илјадници морски ѕвезди и тешко дека ќе направите промена.”


Старецот ја погледнал морската ѕвезда што ја држел во раката, ја фрлил назад во морето и му одговорил: “И направив промена на оваа, нели?

Ние сме тука да направиме промена за Вас.

Адаптирано од “Фрлач на ѕвезди” од Loren Eiseley
 
 
  дизајн:  ЗМ Дизјан-www.mujcin.com