|
 |
 |
|
| ЗА НАС... |
 |
КОЦКА Мрежа на независни консултанти е непрофитна и невладина организација, регистрирана според Законот за здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија, како иницијатива од група искусни консултанти/тренери.
Мрежата обезбедува обуки и консултантски услуги на граѓански здруженија, приватни компании, локални самоуправи, владини и меѓународни институции.
КОЦКА се состои од седум македонски консултанти/тренери кои се ангажирани на полувремена работна основа.
Во зависност од потребите, постои можност за ангажман на меѓународни консултанти/тренери со кои мрежата има соработка.
|
Консултантите/тренери на КОЦКА имаат изградено добра репутација и се препознатливи во граѓанскиот сектор во Македонија и регионот со тоа што прават уникатна комбинација од своите вештини, искуство, методи за обука и специфични партиципативни техники за олеснување на работа во групи.
Нивните вештини и знаења континуирано се надградуваат преку различни обуки за обучувачи, спроведувани од искусни меѓународни тренери/консултанти.
|
|
|