Од 2000 година, КОЦКА има испорачано обуки на теми од областите НВО менаџмент, градење капацитети и организациски развој на повеќе од 20 еколошки организации и има обезбедено консултантски услуги во спроведувањето на локални акции кои се спроведуваа во рамки на трите кампањски периоди во рамки на програмата на Милиеуконтакт.
Покрај преносот на знаења и вештини на еколошките организации, КОЦКА организираше неколку Национални стратешки состаноци на различни теми и ја промовираше соработката помеѓу организациите преку организизирање заеднички регионални обуки. Исто така, во последните години КОЦКА има испорачано различни обуки и консултантски услуги на различни клиенти.
КОЦКА го има издадено прирачникот “Организација и Менаџмент – Прирачник за тренери”, кој е дизајниран за тренери кои работат со граѓански организации.