Нашата Философија: Еден човек трчал на плажата, веднаш после огромна бура која исфрлила на брегот огромен број на морски ѕвезди, што, го растреперило неговото срце. Како што продолжил да трча здогледал еден старец кој што една по една ги фрла морските ѕвезди назад во морето. Човекот се приближил до старецот и го запрашал: “Зошто го правите ова? На плажата има илјадници морски ѕвезди и тешко дека ќе направите промена.” Старецот ја погледнал морската ѕвезда што ја држел во раката, ја фрлил назад во морето и му одговорил: “Направив промена за оваа, нели?” ......... Адаптирано од “Фрлач на ѕвезди” од Loren Eiseley

Дали сте заинтересирани да учествувате на некоја од обуките на КОЦКА?

Доколку сте заинтересирани активно да учествувате на некоја од обукте на КОЦКА, сега е моментот да ја изразите вашата заинтересираност. Едноставно е, само во три чекори бидете во првите кои ќе бидат информирани за сите обуки кои КОЦКА ќе ги организира во 2012 година.

Чекор 1: Одберете некоја од темите од делот Обуки од нашата веб страна  http://www.kocka.mk/?page_id=167;

Чекор 2: Испратете ни e-mail на: info@kocka.mk  со свои податоци: Име и презиме (или име на организација/ компанија / ЕЛС), место на живеење, телефон за контакт) и темата за која сте заинтересирани;

Чекор 3: Наш претставник ќе ве контактира со детални информации за планираните обуки.

КОЦКА – поглед од друг агол

Page 1 of 512345»